Головкин и Брук ќе се борат за три од четирите титули

Golovkin bruk plakat

Генади Головкин (Казахстан) и Кел Брук (Англија) ќе се сретнат во еден од најисчекуваните дерби мечеви на годината за три од светските титули во средна категорија. Средбата ќе се одржи во сабота во Лондон.

Казахстанецот ќе ги заложи појасите на Светскиот боксерски совет, Меѓународната боксерска федерација и Меѓународната боксерска организација. Тој е сопстевник и на круната во верзија на Светска боксерска асоцијација. Таа нема да биде заложена во пресметката.

Шефот на организацијата, Гилберто Мендоза, истакна дека по разгледување на околности за овој меч е одлучено титулата да не биде заложена поради опасност по здравјето на Кел Брук, кој доаѓа од полусредна категорија.

https://youtu.be/NkkNMIoiehU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО