Повредениот Дејан Стефаноски: Мака ми е, верував во себе дека ќе го победам Гумулјо!

105

Setfanoski dejan so muskoli

Дејан Стефаноски поради повреда на ногата нема да настапи на ММА настанот на 12 март во Германија, каде што трбеаше да ја има борбата на животот со Рохел Гумулјо на Топ тен чемпионс (TTC).

Dejan Stefanoski vo Germnaija na 12 mart

„На тренинг во неделата правев скокови и при последниот скок ми се лизна ногата и си ја расеков ногата на цебаницата. Раната е длабока, за да јазашијат употребија седум конци. На 10 март ми ги вадат конците. Чекам организаторите да ми соопштат кога повторно ќе се сретна со Гумулјо. Најверојатно тоа ќе биде во април. Многу ми е мака! Напорно се подготвував и верував во себе дека ќе го победам Гумулјо. И порачувам на моите навивачи дека нема да ги изневерам и ќе ги оправадам нивните очекувања“, изјави Дејан Стефаноски, која сакаше да ги вади конците во Германија и да се бори, но организаторот не се  согласи на тоа.

Стефаноски пеколно се подготовуваше, во Белград почна да тренира со едни од најдобрите ММА борци воStefanoski povredena noga регионот, Србинот Душан Џакиќ и Црногорецот Васо Бакочевиќ, потоа имаше заеднички тренинзи со одличните Марко Радаковиќ и Душко Тодоровиќ и во Подгорица во Забелјо тим, каде што имаше спаринг мечеви, како со браќата Ален и Димитрије Џанкиќ.

Гумулјо е од Тим Уве Гебкес и Хеверено Кесел, кој се плашеше од непоразениот противник и неговиот тим сакаше да не се повтори Ајндховен.

Од друга страна, за Стефаноски се велеше дека е македонски супер талент кој сака да настапи на УФЦ Загреб и дека е од калибарот Штевен Кнуде. И дека Ване Воденски, таткото на Кристијан Воденски, од германскиот тим ММА Спирит, го гледа како дијамант. Стефаноски досега има три борби и три победи.

Германците се прашуваа дали Дејан ќе го одржи ветувањето да го нокаутира Рохел во првата рунда или Гумулјо ќе се врати на победничките патеки без да оди во втората рунда на традиционален начин.

Ipon.mk/В.Д.