Поветкин со нова шанса за светската титула

Povetkin

Александар Поветкин од Русија доби неочекувана шанса повторно да се бори за светската титула во тешка категорија. Тоа се случи за време на годишното собрание на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). На собирот беше откриена шемата по која претендентите за појасот кај тешкашите ќе имаат можност да се борат за него.

Бармејн Стиворн (Канда) прв ќе го брани појасот против Дионтеј Вајлдер (САД). Ова ќе се случи на 17 јануари во Лас Вегас. Победникот од овој натпревар мора да се бори со Брајант Џенингс (САД). Младиот Американец може да отпадне од сметките , ако потпише договор за дуел со Владимир Кличко. Во моментов двете страни преговараат напорно за оваа средба, која треба да се случи кон крајот на август.

Ако Џенингс не е на располагање, тогаш победникот од Стиворн – Вајлдер ќе го има за ривал подобриот боксер од судирот меѓу Мајк Перес од Куба и Александар Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON