Поветкин се врати во рингот со победа (ВИДЕО)

Рускиот кандидат во тешката категорија Александар Поветкин се врати со победа во рингот по издржувањето казната за допинг. Русинот го победи украинскиот боксер Андреј Руденко со едногласна судиска одлука по 12 рунди и ги освои слободните меѓународни титули на ВБА и ВБО.

Поветкин доминираше и во 12-те рунди на гала вечерта во концертната сала „Россија“ на „Лужники“ и конечно судиите забележаа 120-109, 120-108 во корист на Русинот.

Поветкин беше побрз и прецизен од својот ривал, а го надмина во сите аспекти. Во првата рунда Руденко заработи повреда на вратот, но по неколку минути подигнување одлучи да ја продолжи борбата. Потоа Поветкин демонстрира одлична издржливост и постави високо темпо на мечот, со кое Украинецот се справи, но не успеа да се спротивстави на искусниот ривал.

https://www.instagram.com/p/BWBKVvFlWB5/

https://youtu.be/TqkrShV_J34

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО