Поветкин позитивен на Ковид-19, отакажан реваншот со Вајт

Александар Поветкин е позитивен на Ковид-19. Русинот ги добил резултатите од тестот, што автоматски значи дека реваншот против Дилијан Вајт, закажан за 21 ноември, е одложен. Новиот датум најверојатно ќе биде 30 јануари 2021 година.

„Добивме информација дека Поветкин е во болница по позитивен тест за коронавирус. Прво на Александар му посакуваме брзо закрепнување. Ова се тешки моменти и едноставно не можеме да влијаеме на некои работи“, рече промоторот Еди Херн.

Двајца борци имаа меч во август оваа година во Велика Британија. Поветкин тогаш го совлада Вајт со еден од најспектакуларните нокаути во историјата на боксот, кој до тој момент беше доминантен во рингот. Со тој пораз Вајт ја загуби шансата да се избори за појасот на ВБЦ во супертешка категорија со победникот од мечот Вајдлер – Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО