Бобан Данов на СП сака да испише историја за македонското самбо

Утре нашата репрезентација ќе отпатува на Светското првенство во самбо, кое од 5 до 8 ноември ќе се одржи во Нови Сад – Србија, и тоа зад затворени врати.

Боите на Македонија ќе ги бранат кадетите Берна Халиловиќ -56 кг, Душан Андонов -60 кг и Омар Факиќ +87 кг во спорт самбо; јуниорите Берна Идризи -56 кг и Бернард Реџиќ -90 кг и сениорите во спорт самбо-жени Маја Бобан -68 кг, а Семир Авдиќ -90 кг, Един Дураковиќ -100 кг во машка конкурендија, додека Бобан Данов +100 кг ќе настапи во комбат самбо.

Еден од најсикусните натпреварувачи и освојувач на историскиот бронзен медал за Македонија на Европското првенство за сениори во Гијон, Шпанија, минатата година, за настапот на СП во Нови Сад вели:

„Па, во врска со подготвеноста, тренираме индивидуално, без партнер и на отворено. Немаме контролни борби. На физички и кондициски план сме добро. Добро се чувствувам. Поради ситуцијата со короната немавме многу време за подготовки. Прво, добар жреб, и со Господ напред“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО