Поветкин: Боксот е поладен од ММА

Привремениот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Александар Поветкин, направи споредба меѓу двете најгледани боречки вештини, велејќи дека боксот е „поладен од ММА“ и покрај рапидно растечката популарност на борбите во октагон. 41-годишниот Русин призна дека ММА рапидно расте, станувајќи спортски гигант со глобална индустрија вредна неколку милијарди долари.

Поветкин неодамна се справи со коронавирусот и сега ќе почне со тренинзите за да се врати во 2021 година. Последен пат го видовме во август во битка со Дилиен Вајт. На нивната средба Александар тешко го нокаутира Вајт во 5-тата рунда. Требаше да направат реванш пред еден месец, но не успеа поради коронавирусот.

„Постојат луѓе кои сакаат бокс. И јас го сакам тоа. Некои претпочитаат ММА, што рапидно се развива и добива популарност низ целиот свет.

Луѓето се заинтересирани за ММА, но мислам дека боксот е и онака покул. Се разбира, веќе размислував за пензионирање.

Порано или подоцна тоа ќе се случи. Размислувам за идните планови, вклучително и почнување на сопствена промоција, ќе видам што ќе се случи. Веќе тренирам и се движам според распоредот“, изјави Поветкин.

Поветкин има скор 36-2-1 во рингот и е во серија од две последователни победи. Нокаутираше 25 ривали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО