Израел Адесања и Јан Блахович ќе се сретнат на УФЦ 259

Веќе имаме официјален датум за долгоочекуваното деби на шампионот во средна категорија Израел Адесања во полутешка категорија, каде што ќе се соочи со шампионот Јан Блахович.

Според последните информации на ЕСПН, кои се однесуваат на говорот на Дана Вајт, Адесања ќе се сретне со Блахович на 6 март.

Во изминатата година и двајцата забележаа по две победи.

Блахович победи со нокаут против Кори Андерсон, а потоа убедливо славеше над Доминик Рејес на УФЦ 253 и ја освои титулата. Полјакот сакаше борба со Џон Џонс, но Џонс се подготвува за дуел во тешка категорија, така што остави место за друг шампион да го предизвика шампионот.

Адесања ја почна годината со победа над Јоел Ромеро на УФЦ 248, што беше негова прва одбрана на титулата. Австралиецот потоа доминираше над непоразениот Пауло Коста на УФЦ 253, нокаутирајќи го во втората рунда.

Засега, борбената картичка на УФЦ 259 вклучува два шампионски меча и изгледа вака:
Јан Блахович – Израел Адесања
Аманда Нунес – Меган Андерсон
Тијаго Сантос – Александар Ракиќ
Џозеф Бенавидез – Аскар Аскаров
Доминик Круз – Кејси Кени
Шон Брејди – Џејк Метјус
Тим Елиот – Џордан Еспиноза
Ренди Коста – Тревин Џонс
Аалон Круз – Урош Медиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО