Потврдено, средбата Џошуа-Пулев во декември

Ентони Џошуа ќе ги брани трите светски титули во тешка категорија против задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев, во првата недела од декември, но зад затворени врати.

Ова го соопшти денеска менаџерот на англискиот боксер, Еди Херн, кој се надева дека борбата ќе се случи во „О2 арената“ во Лондон.

„Сметаме дека Џошуа повторно ќе се бори оваа година, затоа се надевавме дека ќе имаме гледачи за оваа битка, така што колку подоцна го направиме тоа, толку подобро.

Но, сè уште не е сигурно. Постои голема веројатност ЕЏ да се бори без публика“.

Џошуа првично требаше да се бори против Пулев на 20 јуни, но битката беше одложена поради пандемијата на коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО