Потврдено: Кро Кап против Ишии!

cro_cop_2_ishiiFigthstie

Сепак, Сатоши Ишии! Очигледно, Кро Кап во старата година ќе се бори против јапонскиот џудист во Токио и ќе се обиде да го одбрани појасот што го освои против истиот противник.

По многу шпекулации дали Ишии, поради повреда ќе биде подготвен да застане наспроти Филиповиќ, но, исто така, и поради нагаѓањата, кои и самиот Кро Кап ги отфрли, дека можен противник му е Шинија Аоки, стигна и конечната потврда. Самиот Ишии преку својот твитер профил потврди дека на новогодишната ноќ 2014 година ќе добие уште една шанса против хрватскиот гигант.

 „На новогодишната ноќ следи реванш меч против Мирко Филиповиќ – Кро Кап“, пишува Ишии и така и стави крај на шпекулациите.

 Колку за потсетување, Кро Кап во првиот меч славеше со прекин поради осекотината на Ишии, како резултат на еден добар удар со лактот на хрватски борец. Незадоволен од таквото сценарио, Ишии налутен истрача надвор од рингот и протестираше поради прекинот, кој, според него, беше предвремен. Токму тоа е причината зашто Антонио Иноки , сопственикот на Форумот за промоција (IGF), му даде уште една шанса на неговиот омилен борец. Кро Кап во овој меч го освои појасот, а сега за прв пат ќе го брани, и тоа со пренос во живо на Фајт каналот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО