Потврден спектаклот на Вембли: Кличко против Џошуа пред 90.000 луѓе!

klicko-dzosua-plakat-najava

Сега е и официјално, Владимир Кличко ќе се бори против Ентони Џошуа на 29 април на стадионот Вембли за титулата светски шампион.

Џошуа синоќа го победи Ерик Молина, со кого се бореше бидејќи Кличко поради повреда го одложи неговото враќање во рингот. Веднаш по борбата промоторот Еди Херн и официјално го потврди она и што се очекуваше.

„Сакам официјално да го најавам мечот за светската титула меѓу Џошуа и Кличко на 29 април 2017 година на Вембли. Во продажба ќе бидат пуштени 80.000 билети, но ќе бараме да бидат и 90.000 илајди“, изјави Херн.

Џошуа го држи шампионатот појас на ИБФ, а со Кличко ќе се бори за испразнетиот ВБА појас. На Кличко тоа ќе му биде првата борба по поразот од Тајсон Фјури минатата година.

Се очекува дека борбата за урне бројни рекорди, од заработувачката на влезниците до ППВ.

„Двајца олимписки шампиони, двајцата во различни фази на нивните кариери, младиот талент против боксерската легенда. Мислам дека Џошуа може да го нокаутира“, изјави Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON