Потрес на Врестлеманија 35: И Брок Леснар и Ронда Раузи ги загубија појасите! (ВИДЕО)

Големи потреси се случија минатата ноќ на најголемиот про-боречки настан во светот – Врестлеманија 35, што се одржа во Њу Џерси, САД. Повеќе на тронот не се ниту Брок Леснар ниту Ронда Раузи, кои загубија во главните мечеви од овој мега настан.

За да бидеме целосно прецизни, поранешната шампионка на УФЦ, Ронда Раузи учествуваше во „главниот настан“. Тоа беше прв пат во историјата една жена да ја преводи Врестлеманија. Една година дебито за ВВЕ на големиот настан токму на Врестлеманија 34, Раузи стигна до самиот врв. Прво ја освои РАВ титулата, а потоа со популарноста ги натера челниците на ВВЕ да ја турнат пред машката конкуренција и така да направат преседан.

Синоќа во Њу Џерси поранешната шампионка на УФЦ загуби во трикратниот меч со Беки Линч и Шарлот Флер. Огнената Ирка по долгата претстава пред преполниот стадион го зграпчи појасот и можеби така најави пауза во кариерата на Ронда во ВВЕ. Имено, во ВВЕ ништо не е случајно, а кога таква голема ѕвезда се симнува од престолот, веројатно е дека некое време нема да ја гледаме во рингот. И порано се појавија информации дека Ронда планира принова во семејството и дека ќе земе подолга пауза од про-борењето, но досега немаше јасна потврда. Сега тоа сценарио е многу поверојатно.

И поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Брок Леснар повеќе не е универзален шампион на ВВЕ. Него од тронот го симна популарниот Сет Ролинс. Тој резултат се совпаѓа со предвидувањата дека УФЦ планира меч меѓу Леснар и неговиот сегашен шампион Даниел Кормиер во август. Леснар сé уште има валиден договор со ВВЕ, но тој договор му допушта и настапи во елитната ММА промоција. Со оглед на тоа што веќе не е шампион на ВВЕ, Леснар може целосно да се посвети на подготовките за Кормиер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON