Лиото Мачида: Го победувам Чаел Сонен и се борам за титулата

Лиото Мачида се враќа во кафезот и во јуни ќе се бори против Чаел Сонен.

Поранешните борци на УФЦ ќе се борат на настанот Белатор во Медисон сквер гарден во полутешка категорија, а Мачида верува дека во победа и дека по неа ќе се бори за титулата на Белатор против Мусаси во средна категорија или против Рајан Бадер во полутешка.

„Уште на почетокот реков дека сакам да се борам во две категории во Белатор. Им реков дека ќе се борам во средна и полутешка. Сакам да бидам активен во кафезот и да се борам три пати годишно. Имам приказни со Мусаси и Рајан Бадер и ќе видиме што е најдобро за секого. Мојата цел е да се борам во големи битки и да се борам за титулата. Сакам да и се реванширам и на двајцата, но се е прашање на време. Сакам титула и верувам дека ќе борам добро и во двете категории.

Чаел Сонен сака да те држи во партер и да ги контролира работите, како што направи против Андерсон Силва. Сака да постигне поени, но не се обидува да ја заврши борбата. Јас, пак, секогаш се трудам да го избегнам тоа и да ги завршам моите противници. Мислам дека по победата над Сонен ќе се борам за титулата на Белатор“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО