Веќе некое време се зборува за противници кои требаше, но и оние кои ќе се сретнат со Федор Емилијаненко на следниот настап на Ризин. Нешто повеќе за оваа тема неодамна откри Џери Милен, потпретседател на Ризин.
„Зборував со Ренди и но и на него му треба малку повеќе време да се подготви за средба против Федор. Ова е разбирливо, па не можете туку така да го фрлите во борба. Никогаш не се знае кој ќе биде следен на ред за Федор. Исто така, никогаш не знае дали Кутур ќе се врати и повторно да настапува, но мислам дека тоа е дефинитивно една од можностите “, рече Милен.
Од Ризин се свесни дека постојано ќе се срреќаваат со негативни коментари при изборот на противници на Федор, бидејќи тие, во вакви услови, не е лесно да се најде квалитетен борец што ќе ги задоволи навивачите.
„Луѓето секогаш ќе се жалат, без разлика на тоа со кој се борел Федор. Причината за ова лежи во фактот дека тој не е во УФЦ, па дури и да е, луѓето секкао ќе приговараат. Тоа е проблем. За мене тој е најголемиот на сите времиња, ако ја гледаме ерата на Прајд. Денес, сепак сме во една нова ера на ММА. Луѓето мора да разберат дека се ближи карјот на кариерата на Федор и тој ќе го избере она што е најдобро за него. Се додека парви големи борби и додека ние не бараме од 70 долари за ППВ, мислам дека луѓето навистина не треба да плачат за вакви работи“, вели Милен.
Да потсетиме, многумина ги разочара изборот на Индиецот Џаидеп Синг како противник на Федор на настанот со кој беше заклучена минатата година. Новоформираната јапонска промоција и тогаш се обиде да посегне по легендите како Ренди Кутур, која на основа на тест подготовките заклучи дека не е подготвен, а Реј Сефо кој сметаше дека во тој момент малку време му останало за квалитетна подготовка.