Само Берат Јакупи ќе настапи на „Париз опен“, другите тактизираат

karate rep u-21 borbi BP Dubrovnik

Само Берат Јакупи од Асиарт од Гостивар ќе го брани рејтингот  на македонското карате на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Париз-„Опен Париз 2016“, во конкуренција на 98 натпреврувачи о категоријата до 84 килограми.

Berat jaikupi na piedestal

За премиреното издание, кое е едно од најквалитетните, се пријавени тројца каратисти на Макпетрол: Наташа Стефановска, Петар Заборски и Симон Антиќ. Сепак, според зборовите на тренерот на клубот, Бошко Заборски, неговите каратисти нема да учествуваат на премиерното издание оваа година бидејќи „Опен Париз 2016“ не е ставен за критериумски турнир за место во репрезентацијата во календарот на Македонската карате федерација (МКФ).

Очигледно е дека и останатите клубови ги следат препораките на МКФ, со што заштедуваат средства, бидејќи сезонава ги очекува европските првенства во сениорска и јунорско-кадетска конкуренција и светското првенство за сениори, како и универзитеските првенства.

Па така, дебито на Мартин Несторовски, Емил Павлов, Симон Антиќ, Наташа Стефановска, Симона Заборска, на ката тимот од Ронин, Дејан Црничиќ, Жарко Арсовски ќе ги чекаме на нареден турнир…

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО