Тајсон Фјури: ИБФ ми го одзеде појасот за да го задржи во Америка

Fjuri so pogled vo strana

ВБА, ВБО и ИБО првакот во тешка категорија, Тајсон Фјури, верува дека ИБФ намерно влече потези за светската титула да остане во САД.

На Британецот му е одземен појасот откако го прифати реваншот со Владимир Кличко и не можеше да се бори задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Вјачеслав Гласков.

Чарлс Мартин ја освои испразнетата титула против против Гласков минатиот викенд во Њујорк. ИБФ му даде една година за доброволна одбрана.

“Мартин ја доби борбата. Па нека ужива во својот нов појас и ќе има една година да направи доброволна одбрана. До идната недела ќе се знае кој ќе биде позициониран како задолжителен предизвикувач“.

Фјури ја нападна боксерска федерација тврдејќи дека Мартин му дале една година, како дел од нивната желба титулата да остане во Америка.

„Знаете што може ИБФ … Веќе го фрлив нивниот појас во ВЦ-то. Она што ми пречи е, зошто да му ја одземате титулата на неспорниот (линеарен) првак во тешка категорија. Тоа е нивна загуба. Повеќе не е моја грижа што ќе прават со својот појас и на кого ќе го дадат. Но, Меѓународната боксерска федерација сака тој појас да е во Америка и ќе остане таму некое време“.

„Тоа не е вина на Чарлс Мартин. Тоа му беше роденденски поклон што го прифати со двете раце. Момчето беше добро, ниту е вина на другото момче што му отиде коленото. Со среќа нема му е. Не ми е гајле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО