АктуелноМеѓународна сценаММА
Габриел Гонзага ќе се бори на УФЦ во Загреб
Се знае првата борба за настанот на УФЦ во Загреб на 10 април.
Во судирот на тешкашите Габриел Гонзага (17-10, 12-9 УФЦ) ќе се сретне со Руслан Магомедов (14-1, 3-0 УФЦ). Русинот (29 г.) е без пораз во три борби во УФЦ, а славеше против Виктор Пешта, Џош Копланд и Шон Џордан. Единствениот пораз во својата кариера во 2011 година го претрпе од Константин Глухов.
Гонзага во последната борба во декември го победи Константин Ерохин со судиска одлука и ја прекина низата од три порази.
Бразилец (36 г.) е добро познат на публиката во регионот по мечевите со Мирко Филиповиќ.




