Потпишан е договор за реавншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко

Klicko i fjuri vokostimi

Вчера беше објавено дека договорот за реваншот меѓу светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, и поранешниот шампион, Владимир Кличко, е потпишан. Ова го соопшти тренерот, менаџер и чичко на шампионот – Питер Фјури.

Се очекува да се избере датум за мечот, а како можни датуми се 23, 30 април или 07 мај. Ве потсетуваме дека првата борба се одржа на 28 ноември во Дизелдорф, Германија, и заврши со сензационалната победа на Фјури, со едногласно судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО