Последен меч на Хопкинс за пензија

bernard-hopkins-boks-face

Бернард Хопкинс (САД) става крај на својата 28-годишна боксерска кариера со меч против Џо Смит во декември, еден месец пред неговиот 52-ри роденден

Хопкинс кој е познат по прекарот „Егзекуционер“ е повеќекратен светски шампион во средна и лесно-средна категорија, а на 17 декември во „Лос Анџелес Форум“ ќе го има својот 65-ти меч.

„Многу луѓе се фокусираат на моите години, на мојата историја во спортот, на титулите, но јас сум фокусиран само на едно нешто – да го нокаутирам Џо Смит“, изјави Хопкинс.

Хопкинс дебитираше во професионална категорија во 1988 година. Тој меч, поразот од Клинтон Мичел, се случи 11 месеци пред Смит да биде роден. Оттогаш тој има 55 победи со 32 нокаути, а во 1995 година ја освои првата светска титула на 30 години, по што дури 20 пати ја бранеше титулата.

Неговиот последен меч, за ВБА, ИБФ и ВБО титулите со средно-тешка категорија во ноември 2014, заврши со пораз на поени од Русинот Сергеј Ковалев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО