Посебен предизвик за Ристо Димитров-Чурино е 115-километарската трка на Пелистер

„Уште еден предизвик пред мене, овај пат е посебен, затоа што ќе биде во мојот роден град, мојата преубава Битола“, вели Ристо Димитров-Чурино натпреварувач и тренер во повеќе боречки спортови, кој во Оман и соседните држави учетсвува и на трки на издржливост.

Пред него е предизвикот на домашен терен „Пелистер јуник треил маратон“.

„115 км планинска трка, огромен предизвик на тешка патека. Доаѓам со мојот тим и моите ученици од Оман, кои исто така ќе земат учество.

Ќе ми биде  чест да учествувам и на моите ученици да им ја претставам мојата Битола и мојата преубава Македонија!

Голема благодарност до организаторите на Пелистер јуник треил маратон-ПУТМ кои несебично ни помагаа и асистираа да можеме да го донесе нашиот Ал моух мускат ранинг тим. Благодарам момци, навистина сте најдобри – Виолета Ристевска Лазиќ, Ненад Лазиќ, Саша Грбиќ, Марија Ристева се гледаме на 23 пред Офицерски“, порача Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON