Ако не знаете која е Џена Џејмсон … едноставно немојте да се лажете, бидејќи тоа е грев! „Шампионка“ е во дисциплината „најпознати актерки во филмовите за возрасни“ и не е за потценување во никој случај.
Џена имаше долгогодишна врска со Тито Ортиз -бивш шампион во полутешка категорија на УФЦ и вистинска легенда во ММА пресметките. Таа е и мајка на неговите две деца. Деновиве русокосата актерка ги користи социјалните медиуми за да им покаже на своите приврзаници дека ирскиот борец – Конор МекГрегор е исклучително привлечен. Нејзе дури и се допаѓа како тој се однесува со идните противници и не гледа никаков проблем во тоа што тој е искрен и отворен.
Еве што изјави таа во интервју за MMAFightFans.com:
„Тој има лавовско срце и не може да биде запрен. Натпреварот со Алдо ќе биде фантастичен. Мислам дека Алдо е борец од многу висока класа и несомнено е способен спортист, но Конор има што да докажува на себе и на публиката, а таквите луѓе се многу опасни“.
За едно нешто е сигурно во право … дуелот меѓу Алдо и МекГрегор ќе биде навистина импресивен, не само поради вештините на овие двајца борци, туку и заради бесмртната омраза која негуваат еден кон друг. Борбата ќе се одржи на 11 јули за време на УФЦ 189.
Целото интервју со скандалозната Џена Џејмсон, која очигледно е и заколнат Фан на МекГрегор, можете да видите подолу, иако, како што знаеме, има многу интересни видеа со нејзе што циркулираат во безграничниот интернет простор.
https://youtu.be/UUGOLKbsrmY