Пориер: Не бркам одмазда во реваншот со Конор

Дастин Пориер го разграничува вториот меч против Конор Мек Грегор од нивната прва пресметка.

Тие ќе се борта во јануари, откако во 2014 година Ирецот го нокаутира истиот противник за 96 секунди. Мечот од пред 4 години, сепак, за Пориер е минато, а тој инсистира на тоа дека сега е „позрел“ и нема да бара одмазда за поразот.

„Очигледно е голем борец кој одби неколку момци пред мене во неговата кариера во УФЦ. Но, сега и двајцата сме далеку поискусни, етаблирани борци, ние сме позрели и ова е предуслов за многу поинаков меч. Првиот пат бев подложен на емоции. Сакав да го повредам. Овој пат сакам да го надмудрам, само да го победам. Ова е бизнис. Немам ништо против него. Кога бев помлад, се борев со многу емоции. Веќе не е исто. Нема да барам одмазда. Сакам да одам напред со мојата кариера, да обезбедам подобра иднина за моето семејство. Не сакам да му вратам на лицето што ме победи. Тоа е само бизнис“, рече Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО