АктуелноБоксПрофесионален

Поранешен светски шампион посочува дека би ги победил Бивол, Бенавидез и Бетербиев

Давид Бенавидез ја одржува во живот полутешката категорија и се оформува како веројатно најдобрата полутешкаш во светот.

Мексиканското чудовиште минатиот месец во Ријад за прв пат ја одбрани светската титула на ВБЦ, победувајќи го Ентони Јард со прекин во седмата рунда.

А Дмитри Бивол и Артур Бетербиев се бореа двапати во последните 14 месеци. Батербиев го победи Бивол во октомври 2024 година за да ги обедини титулите во полутешка категорија, а четири месеци подоцна Дмитри возврати во реваншот.

Поранешниот шампион во полутешка категорија Сергеј Ковалев изјави за Фајт хаб ТВ дека во својот најдобар период би ги победил сите – Бивол, Бетербиев и Бенавидез.

„Да, јас сум подобар од нив. Би ги победил сите тројца“, рече 42-годишниот Сергеј Ковалев.

Поранешната руска ѕвезда имаше исклучителна кариера во која го делеше рингот со многу од великаните на својата генерација, како што се Сол Алварез-Канело и Андре Ворд.

Познат по својата огромна моќ на удари, „Крушер“ Ковалев имаше 30 нокаути во 36 победи во текот на својата кариера, со сооднос победа-нокаут од 83,3 проценти.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON