
Борачите на Спартак од Кочани на Меѓународниот турнир во борење за кадети „Скапто куп“ во Благоевград, Бугарија, освоија злато и сребро.
Златен медал освои Филип Ангелов во категоријата до 80 килограми, а сребрен Славица Митева до 50 килограми.
Екипата ја предводеше тренерот Гоце Ангелов.

Од БК Спартак соопштија дека со турнирот ја затвораат натпреварувачката сезона годинава.



