Меѓународна сценаММА

Поранешниот шампион Андреј Арловски го совлада Танер

Поранешниот шампион во тешка категорија Андреј Арловски покажа дека сè уште може да го направи тоа. 41-годишниот ветеран се соочи со 29-годишниот Танер Босер во борбата подглавната борба на УФЦ Фајт најт 182 во Лас Вегас и го победи на со одлука на судиите.

На почетокот на борбата и двајцата почнаа трпеливо и држеа дистанца. Босер удри, а Арловски проба со комбинација. Генерално, немаше многу интересни моменти во оваа рунда. Танер повторно удираше, а Арловски погоди силно на крајот од рундата. Во втората, ударите продолжија од Босер. Андреј пласираше кроше во телото и во главата.

„Питбул“ со уште еден добар десен удар. Уште еден лев од Босер. Размена на удари. Последна размена на удари и крај на рундата. Во третата рунда, Босер пласира директ, но доби возвратен. Танер продолжува да ги напаѓа нозете на поранешниот шампион. Андреј го враќа назад и постигнува директ. Арловски е погоден во телото.

Здрави удари на Арловски и крај на мечот. Општо, спора битка, за која судиите оценија дека Арловски заслужува да победи со едногласно со одлука – (29-28, 29-28, 29-28). Ова е втора последователна победа за Андреј годинава. Тој победи во три од последните четири борби во УФЦ. Босер, пак, загуби серија од две последователни победи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON