Поранешниот првак на УФЦ Марк Колеман вели дека бил жртва на сексуално злоставување

Првиот шампион на УФЦ во тешка категорија и победник на Гран-прито на Прајд, Марк Колеман, вели дека бил жртва на сексуална злоставување на факултетот.

53-годишниот Американец потврди дека бил една од над стотината жртви на денес покојниот доктор на Државниот универзитет во Охајо.

Лекар Ричард Штраус е обвинет за злоупотреба на службата и сексуално злоставување на студентите и студентите спортисти, вклучувајќи и многу членови на тимот за борење.

Колеман додаде дека сака да соработува во тековната истрага.

По коментарите дадени за медиумите во изминатите денови се најде неволја бидејќи го обвини поранешниот помошен тренер Џим Џордан, денес републикански конгресмен, дека знаел за сексуалното злоставување, но ништо не презел. Подоцна ја негираше изјавата, велејќи дека не може да биде 100 отсто сигурен дека бил упатен за настаните додека работел како помошник тренер од 1987 до 1995 година.

Колеман се бореше за државата Охајо во последната година на факутетот во 1988 година. Го освоил националното првенство и стана помошник тренер. Продолжи да се бори и освои златен медал на Панамериканските игри, како и 7-мо место на Олимписките игри во 1992 година.

Марк Колеман – Хамер е еден од најзначајните борци во историјата на ММА. Освои два УФЦ турнири пред да стане првиот шампион во УФЦ во тешка категорија во 1997 година. Три години подоцна го освои и Гран-прито на Прајд во отворена категорија.

Во раните денови на слободната борба бил познат, по тогаш дозволените, удари во главата.

https://youtu.be/4es7pNBKmJg

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON