Руската боксерка, апсолутната светска шампионка Наталија Рагозина на социјалните мрежи објави дека родила ќерка. Потсетуваме, Рагозина има 46 години.
„Добредојдовте во семејството! Запознајте ја Анастасија Вадимовна! Таа е родена на 1 септември 2022 година.
Нашето девојче се роди во еден по полноќ! Фала му на Бога за сè! Благодарам на Пресвета Богородица!“, напиша Рагозина на социјалните мрежи.
На почетокот на август Рагозина објави дека е мажена, но не покажа фотографија од нејзиниот сопруг, велејќи дека тоа ќе го направи подоцна. Од првиот брак Рагозина го има синот Иван, роден во 2001 година.
Во својата професионална кариера Наталија Рагозина има 22 борби, во кои извојува 22 победи. Наталија помина голем дел од својата кариера рангирана како најдобра жена во суперсредна категорија во светот.
Таа е шампионка со најдолго владеење на ВБА во супер средна категорија и ВБЦ шампионка во супер средна категорија.