Поранешен противник на Усик забележа редок нокаут во своето деби во ММА (ВИДЕО)

Кшиштоф Гловацки го имаше своето деби во ММА.

Поранешниот шампион на ВБО во полутешка категорија се спротивстави на Патрик Толкачевски во тешка категорија. Нивната борба беше една од првите на настанот КСВ 83: Колосеум 2 што се одржа во Варшава, Полска. Гловацки до победата стигна за 1 минута и 33 секунди.

Гловацки беше на фул маунт каде што Толкачевски го удираше. Кшиштоф го дочека својот момент и со лево кроше успеа да го нокаутира Толкачевски. Генерално е многу тешко да се излезе од фул маунт, а камоли да се победи со нокаут.

Тоа е дефинитивно нешто ретко, а уште поимпресивен е фактот што го прави тоа како боксер. Тоа беше дебитантска борба за Гловацки, кој има скор од 34-2 во бокс. Во 2016 година се бореше со Александар Усик и загуби со одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON