Поради повреда на Пулев борбата со Џошуа е доведена во прашање

Антони Џошуа се среќава со Кубрат Пулев во задолжителна одбрана титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и на Светската боксерска асоцијација (ВБА) на 28 октомври во Кардиф, но мечот е доведен во прашање, јавуваат бугарските медиуми.

Повредата на Кубрат Пулев може да го одложи мечот на неопределено време.

Тешка повреда заработил Пулев на само 13 дена пред долгоочекуваната борба за светската титулата во Кардиф на стадинот Принсипалити на 28 октомври, а 75 000 билети веќе се распродадени.

Прегледот со ехограф во една клиника во Берлин пред неколку часа покажал дека Кубрат има делумна фарктура на торакалниот мускул што води до десната рака. За што ќе му треба еден месец за да се опорави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО