Договорена е руска тешкашка пресметка Харитонов-Минаков

Договоренa е големa пресметка на руските тешкаши.

На ЕФН настанот одржан во петокот најавен е мечот меѓу поранешниот шампион на Белтатор Витали Минаков (20-0) и актуелниот борец на Белататор Сергеј Харитонов (26-6).

Не е објавен точниот датум за одржувањето на борбата, но се очекува да се одржи во мај следната година.

37-годишниот Харитонов во последната битка во јули со сабмишн го победи Геронимо дош Сантос, додека непоразениотт Минаков во јуни го нокаутира Бигфут Силва.

Тимскиот колега на Витали Минаков, Сергеј Павлович (11- 0) до крајот на годината треба да ја брани титулата на ЕФН во тешка категорија против Кирил Сиделников (11-4).

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО