Поради несреќа откажан настанот „Армада 5“ на кој требаше да настапат Божиновски и Додевски

Поради несреќа со октагонот откажан е ММА настанот „Армада 5“ во Вршац, Србија, што требаше да се одржи вечерва. На овој настан требаше да настапат Филип Божиновски и Игор Додевски.

Божиновски требаше да се бори со Блажо Николиќ од Црна Гора, а Додевски со Александар Новаковиќ од Србија.

„Голем стрес и разочарвување во секој поглед. За сите. И за организаторите, кои навистина направија одлична организција во секој поглед. И за сите тимови на борци и тренери“, вели тренерот на Божиновски и Додевски Сашко Мирчевски и додава:

„Екипата што го монтираше октагонот направи пропуст. По два часа падна дел од конструкцијата и повреди еден човек кој е смртно загрозен. Во многу тешка животна ситуација е, а еден е со тешки повреди. Се обидоа да викнат друг тим друга сала да монтира, но сето тоа беше тешко изводливо. Полицијата врши увид и не дозволува ништо“.

Организаторите сакале настанот да го поместат за утре, но и таа опција била неизводлива.

Нашиот тим е добар и се подготвува за враќање во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО