Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Тајрон Вудли, направи понижувачка тетоважа за да ја објасни својата љубов кон Џејк Пол. 39-годишниот ветеран истетовира на средниот прст дека го сака Џејк Пол. „Избраниот“ беше жртва на многу потсмев.
Може да се види дека Вудли напиша „Сакам“ со пенкало и не е јасно како Пол ќе го прифати тоа. Всушност, Вудли го истетовира „Јас …. Џејк Пол“ и со тоа остави празен простор, што и не е толку важно, бидејќи на крајот со пенкало додаде „сака“.
На социјалните мрежи, Тајрон покажа фотографија и видео од тетоважата. Пред еден месец Пол и Вудли се бореа и Џејк го победи со одлука на судиите. Тогаш се согласија дека ќе има итен реванш доколку Вудли ја направи оваа тетоважа.
Договорот беше Тајрон да го стори тоа во рок од неколку дена, а не еден месец подоцна. Вудли рече дека не се согласува со одлуката на судиите, но даде збор за тетоважата и и си го одржа. Тајрон повика на реванш со Пол, кој рече дека ќе одговори со видео за неколку часа.
https://www.youtube.com/watch?v=OBFw8kxjT0M