Полицијата ќе го истражува мечот Тејлор – Катерал

Контроверзната победа на Џош Тејлор над Џек Катерал, која многумина ја опишуваат како пладневна кражба, ќе ја истражува полицијата. Шампионoт на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО во суперлесна категорија ги одбрани појасите откако победи со 2-1 (112-113, 114-111, 113-112). Ова се случи иако Тејлор беше соборен во осмата рунда и му беше одземен поен поради удирање откако гонгот означи крај на 11 рунда.

Битката меѓу двајцата се одржа во Глазгов, а портпаролот на Катерал изјави дека властите веќе го презеле случајот.

„Сите се згрозени од она што се случи, кое го руши угледот на нашиот спорт. Треба да разбереме зошто судиите го досудија мечот толку погрешно. Веќе е контактирана полицијата. Зборував и со министерот за спорт Најџел Хадлстон, кој е свесен за тоа што се случи“, рече сер Линдзи Хојл, генералниот менаџер на предизвикувачот.

Според него, или се работи за измама, поради солидни облози, или има нешто друго што останува скриено дури и за најпознатите во спортот. Британската боксерска контрола исто така го презеде случајот. Тејлор е категоричен дека Катерал мора веднаш да се реваншира, а доколку нешто не е во ред во судиските одлуки, резултатот од оваа средба ќе биде поништен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON