Махачев сакал милион долари за борбата со Дос Анчос

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Рафаел дос Анчос, откри зошто борбата со Ислам Махачев не се одржа на УФЦ 272. Бразилецот требаше да се натпреварува со Рафаел Физиев, но овој се повлече од средбата поради инфекција со Ковид-19. По оваа лоша вест, на Ислам му беше понудено да биде домаќин на мечот со Дос Анчос само неколку дена по неговата победа над Боби Грин со ТКО во првата рунда.

Ова беше четврти пат Махачев и Дос Анчос да се договорат за меч, но тоа никогаш не се случи. На Твитер двајцата се договорија да се борат во повисоката категорија, но на крајот Дана Вајт потврди дека Махачев го одбил мечот и Ренато Моикано ќе ги одмери силите со Анчос.

Екс-шампионот во категоријата до 70 килограми победи со судиска одлука против сонародникот. Неколку дена по борбата за The MMA Hour раскажа која е причината што Махчев одбил да се бори.

„Му реков дека можеме да се бориме во договорената категорија, или во полусредна категорија. Дури и му покажав слика од моето мерење после тренинг. На крајот слушнав дека барал милион долари за да се бори“, изјави Дос Анчос.

По одбивањето на Махачев да се соочи со Анчос, Дана Вајт најави дека Дагестанецот ќе треба да ги одмери силите со Бенеил Дариуш пред да добие шанса за титулата. Со ова беше побиена информацијата на шефот на УФЦ, која беше споделена една недела претходно, дека следниот меч на Махачев ќе биде за појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО