Поли Малигнаџи не го остава на мира Конор Мек Грегор. Пред неколку дена Малигнаџи потпиша со Bare Knuckle Fighting Championship и ќе боксира со голи раце. Тој ќе дебитира во јуни и многу е веројатно да се бори против Артем Лобов. Малигнаџи е подготвен да се бори и против Мек Грегор со голи раце и го предизвика за конечно да стават крај на расправиите.
„Кукавица Конор Мек Грегор. Ајде да се бориме со голи раце. Сигурен сум, дури и дека не можеш да се откажеш од тоа. Време е да се поправат работите“.
https://twitter.com/sportsusa_net/status/1104091235386441728?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fpaulie-malignaggi-iska-da-se-bie-s-goli-ratse-sreshtu-conor-mcgregor
Тие беа пријатели и Мек Грегор го покани да му помага со подготовките против Флојд Мејведер, но потоа пуштија видео на кое се гледа дека Мек Грегор го нокаутирал Малигаџи и започна вистинска војна меѓу двајцата, која не стивнува. Малигнаџи тврдеше дека сето ова е претстава и всушност тој се лизнал.