Флојд Мејведер: Направив една милијарда и никој не може да ме победи

Легендарниот Флојд Мејведер воопшто не е заинтересиран за ништо. Неодамна, Конор Мек Грегор соподели пост и откри дел од неговата борба против „Мани“ и изрази желба за реванш. Тие се сретнаа во рингот во 2017 година, а Мејведер го порази со ТКО во 10-тата рунда. Флојд нема интерес за втора средба, бидејќи веќе има направено повеќе од една милијарда долари и никој не може да го победи.

„Никој не може да ме победи. Сите го знаете тоа. Секој сака да има реванш со мене. Не грижете се за тоа. Да, секој кажува нешто. Не сум загрижен за тоа. Веќе направив над една милијарда и сите знаете. Флојд е непобедлив и никој не може да го победи“.

Последен пат Мејведре се појави во рингот со јапонскиот талент Теншин Насукава, но во бокс меч, и з абрзо време го среди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО