Погледнете како напредуваат подготовките на Мек Грегор за Нејт Дијаз (ВИДЕО)
За точно еден месец Конор Мек Грегор во Лас Вегас повторно ќе се соочи со единствениот борец кој го победил во УФЦ, Нејт Дијаз.
А како течат подготовките за големиот реванш Мек Грегор откри во ексклузивната снимка објавена преку веб-страница TheMacLife.com
За да ја избегне судбината на УФЦ 196, „Ноториус“ ги коригираше сите грешки од претходните камп и за УФЦ 202 се подготвува специјално за Дијаз. Неговиот тренер Џон Кавана во едно неодамнешно интервју ја објасни разликата во подготовките за новата борба.
„Овој камп е заснован на циклуси. Секој ден почнуваме точно во 13:00 часот. Во вечерните часови правиме кондициски тренинг. Сè се мери и ништо не се работи по тоа како се чувствувате. Имаме доктор кој се занимава со перформансите, јас се грижи за работи поврзани со борбата, сите работиме заедно и ништо што го работевме порано не може да се спореди со овој тренинг камп“.




