Погледнете како изгледа лицето на Јаир Родригез по мечот против Александар Волкановски (ВИДЕО)

Александар Волкановски минатиот викенд по петти пат ја одбрани титулата во перолесна категорија на УФЦ.

Австралискиот борец со  македонско потекло го победи Јаир Родригез со прекин во третата рунда на настанот во Лас Вегас.

Мексиканецот се обиде со ножни удари да му се закани на шампионот, но Алекс фантастично го скрати растојанието и неколку пати успешно го собори противникот.

И кога се најдоа на партер, Волкановски не се штедеше, а на Родригез му направи штета со разни впечатливи комбинации по главата и телото.

Во последната минута од третата рунда Алекс го удри Јаир со кроше, го притисна на оградата и го собори на подот. Работата ја заврши со низа удари.

Родригез во објава стапи во контакт со навивачите и рече дека наскоро ќе се врати.

„Пријатели, ви благодариме за поддршката. Не ги исполнив вашите очекувања, а во срцето верував во победа. Му честитам на Волкановски за одличниот настап“, рече Јаир Родригез и додаде:

„Ништо нема да ме спречи. Прилагодливоста е карактеристика на сите Мексиканци, знаеме да прифатиме пораз. Тоа не беше мојата последна шанса, ќе има уште повеќе во мојата кариера“.

Јаир Родригез објави видео на социјалните мрежи и покажа како изгледа неговото лице по мечот против шампионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО