Погледнете како Федор стана борец на Белатор

На настанот Белатор 165 во октомври американската ММА промоција обелодени голема вест. Легендарниот Федор Емилијаненко потпиша договор со Белатор.

Поранешниот светски шампион на Прајд на 18 февруари во Сан Хозе ќе се пресмета со поранешниот УФц-овец, Мет Митрион.

Белатор го објави снимк од „зад кулисите“ на која можете да видите како Федор таа вечер го потпишал договорот, се сретна со Жорж Сент Пјер и се соочи со Митрион кој исчекуваше најавата за голема борба, но, наводно, воопшто не знаел дека се работи за  „Последниот император“.

https://youtu.be/kIok6pZrGpk

https://youtu.be/kIok6pZrGpk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО