Погледнете како борец за само две секунди го нокаутира противникот (ВИДЕО)

Еден од најбрзите нокаути во ММА беше виден на настанот Титан ФЦ 83 во паркот Гулфстрим во Мајами.

Имено, во втората секунда Луис Хернандез со удар во глава го нокаутира Брајан Топ.

Во моментот кога ѕвоното означи почеток на борбата, Хернандез погоди со висок ножен удар и го заспа Топ.

Интересно, тоа е трета победа за Луис во професионалната кариера и трета што ја доби во првата рунда.

Во своето деби победи со завршница за 65 секунди, а во вториот меч го совлада противникот со технички нокаут за 3:20 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО