Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану за десет дена ќе го има вториот професионален настап во боксерскиот ринг.
Камерунецот ќе се бори со поранешниот светски шампион Ентони Џошуа на 8 март на настан во Саудиска Арабија.
По таа борба, тој повторно ќе се посвети на ММА, бидејќи наскоро го чека суперборба во ПФЛ, а можен противник треба да биде Ренан Фереира, кој минатиот викенд го совлада Рајан Бадер со прекин за само 21 секунда.
На настанот ПФЛ-Белатор во Ријад присуствуваше и Нгану, кој се сретна со актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс во Кингдом арената.
И двајцата срдечно се поздравија, разменија неколку зборови со насмевка на лицата и тргнаа по својот пат.
Во еден момент Џонс почна да ги чувствува стомачните мускули на Френсис за да ја провери неговата форма, а Камерунецот му одговори на ист начин, велејќи му:
„Би требало да почнеш да тренираш“.
"You need to go back to training!"
Francis Ngannou poked fun at Jon Jones' physique when they crossed paths at #PFLvsBellator. 😂 pic.twitter.com/ulW4VVtSfH
— MMA Junkie (@MMAJunkie) February 25, 2024