Френсис Нгану ја немаше помошта од Мајк Тајсон во подготовките за мечот против Џошуа

Боксерската легенда Мајк Тајсон учествуваше во подготовките на Френсис Нгану за неговото боксерско деби минатата година против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Камерунскиот удирач ги воодушеви љубителите на боксот со настапот и се држеше против Џипси Кинг во сите десет рунди.

За многумина Нгану беше подобар борец на тој меч, па дури во третата рунда го собори Фјури, кој на крајот победи со поделена одлука.

За дел од неговиот успех несомнено е заслужен поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон.

Во подготвителниот камп учествуваше легендарниот Ајрон Мајк, кој сигурно му дал многу корисни совети на Френсис.

Поранешниот шампион на УФЦ во едно неодамнешно интервју откри дека немал помош од Тајсон при подготовката за борбата против Ентони Џошуа која ќе се одржи на 8 март во Ријад.

„Искрено, бидејќи мојот тренер беше тука, овојпат не го доведовме Мајк Тајсон“, рече Френсис Нгану и откри колку често Ајрон Мајк доаѓал на подготовките пред мечот против Џипси Кинг:

„Неколку пати доаѓаше на тренинг, гледаше што правам и потоа ми даде совет. Мислам дека го направи тоа повеќе од три пати“…

Нгану, со или без Мајк Тајсон во својот агол, наскоро ќе има уште една голема задача. Камерунецот ќе боксира против Ентони Џошуа на 8 март во Ријад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО