Погледнете ја одличната најава за УФЦ 271 кој се одржува следниот викенд во Хјустон (ВИДЕО)

Следниот викенд во Хјустон следува нов боречки спектакл. Настанот UFC 271 ќе се одржи во Тојота центар хол, предводен од борбата за титулата во средна категорија помеѓу шампионот Израел Адесања и предизвикувачот Роберт Витакер.

Тоа ќе биде нивни втор меѓусебен дуел. Во нивната прва пресметка во октомври 2019 година Изи го нокаутира Роберт со нокаут во втората рунда и го освои шампионскиот појас, кој подоцна успешно го одбрани три пати.

Во борбата за титулата не очекува пресметка во тешка категорија меѓу Дерик Луис и Таи Туиваса.

Дерик во својот град ќе се обиде да го подобри впечатокот што го  остави во поразот во мечот за привремениот појас од Сирил Гане.

Австралиецот има четири победи во низа и пресметката против Луис е најголемата борба во неговата кариера.

Секако, одлична можност, бидејќи Американецот е на третото место на ранг листата на предизвикувачи на УФЦ.

Најголемата светска ММА организација го објави видеото УФЦ 271 Одбројување, како одлична најава за претстојниот настан:

https://www.youtube.com/watch?v=wPoD2WhPS0M&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО