Погледнете ја најавата на Глори за мечот меѓу Бадр Хари и Алистер Оверем

Пресметката меѓу Бадр Хари и Алистер Оверем овој викенд предводи уште еден голем настан на Глори во Дизелдорф.

„Очекувајте го најлошото, подгответе се за најлошото“, рече Алистер Оверем во одличната најава за настанот, додека Бадр Хари истакна:

„Ќе ја тестирам неговата волја за победа“.

Бадр Хари и Алистер Оверем ќе се соочат по трет пат во кариерата.

За прв пат се бореа на крајот на 2008 година, кога Оверем победи со нокаут во првата рунда, а една година подоцна, во реваншот, Хари победи исто така во првата рунда.

Алистер до триумфот стигна по 127, а Хари по 134 секунди.

Глори го најави својот меч со уште едно одлично видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО