Погледнете ја борбата за првото злато во независна Македонија -златното момче Елвир Куртановиќ (ВИДЕО)

Потсетивме дека првиот златен медал за независна Македонија го освои каратистот Елвир Куртановиќ пред 31 година во Кардиф, Велс, во 1993 година на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21.

Тоа е историски момент за Македонија, бидејќи нашите репрезентативци освоија 3 медали – 1 златен и 2 бронзени. Зоран Пејов во младинска конкуренција (-80 кг, У-21) се закити со бронза, како Ангел Георгиев (-67 кг, јуниор), а Елвир Куратновиќ (-75 кг, У-21) со залтен медал.

По тој повод се интонираше македонската химна во многу сложена политичка атмосфера, како државата Македонија, така и за македонските спортисти.

Ова е нашата историја. А сите до еден најгласно ја пееја македонската химна.

Но, еве ја и шампионската борба која ќе остане запишана со златни букви во историјата на македонскиот спорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elvir Kurtanovic (@elvirkurtanovic)

Тоа се каратистите од Цветан Димов – Куртановиќ, Вардар – Пејов и Партизан (Кочани) Георгиев кои на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON