Погледнете го заедничиот тренинг на ММА и НБА ѕвезди! (ВИДЕО)

cerrone-griffin

Овие денови излезе видео во кое Блејк Грифин, НБА ѕвезда и крилен цента во Лос Анџелес Клиперс, се подготвува за претстојната натпреварувачка сезона со УФЦ борец и предизвикувач лесна категорија Доналд Кероне. Се чини кошаркарот кој стана препознатлив по забивањата и атрактивни потези поприлично добро апсорбира сè што пренесува Кероне во Тритон ММА тренинг центарот.

Ова видео е создадено како дел од серијата „Кросовер“, во кој Грифин се проба во разни спортови и методи за тренинг со други врвни спортисти, а се со една цел, што подобро да се подготви за почетокот на сезоната која полека се приближува.

„Во кошарката има мнгу туркање, фаќање и тегнење кое многу луѓе го пропуштаат. Мислам дека многу добро што Доналд ги прилагодисвоите вежби според она што ќе ми помогне на мене“, изјави Грифин.

И „Каубојот“ беше задоволен од она што го презентираше познатиот кошаркар на тгренингот.

„Секој може да упати див удар, но тој сосема непосреден и чист во комбинациите, а покажа и дека е талентиран“, рече Кероне.

Во продолжение на написот, погледнете како снајде кошаркарот во новата улога кој е познат по својота атлетичност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО