Погледнете го последниот меч на Бадр Хари во поразот од Уку Јурхендал

Мароканскиот кикбоксер Бадр Хари нема победа веќе осум години. Легендарниот 38-годишен борец го имаше последниот меч во октомври на настанот Глори 89 кога загуби од Уку Јурхендал со прекин во втората рунда.

Со таа победа Естонецот доби настап на Глори Гранд при, што треба да се одржи на крајот на оваа година, но турнирот се уште не е официјално потврден.

Хари не покажа ништо на тој меч, а мораме да признаеме дека повеќе не припаѓа на самиот врв на тешката категорија. Можеби треба да размисли за пензионирање.

Последната победа му беше во август 2015 година, кога во третата рунда со технички нокаут го совлада Исмаел Лонд од Суринам, а потоа имаше пет порази и три откажани натпревари.

Последната борба на легендарниот кикбоксер погледнете ја во видеото:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО