Погледнете го нокаутот со кој собори противник тежок 177 килограми за само 15 секунди

Една руска промоција неодамна организираше боксерски меч меѓу Денис Вилданов (177 килограми) наречен Големиот тато и Максим Шчербаков, полесен 70 килограми.

Тоа беше реванш од лани кога Вилданов со нокаут во првата рунда славеше во бокс без ракавици. А реваншот кратко траеше само 15 секунди, но овој пат боксираа со ракавици.

Денис влезе во таа борба полесен отколку во првата борба кога имаше 200 килограми. А симнувањето 20 килограми не му помогна.

Шчербаков мирно влезе во мечот и првиот удар беше доволен противникот да се спушти на подот. Вилданов заврши во нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО