Погледнете ги резултатите од тетсот на Џонс!

jones_jon

Кокаинската афера во кој упадна шампионот на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс, се уште е во фокусот на ММА јавноста, а сега објавено дека Спортската комисија на Невада ненајавено го тестирала Џон Џонс во два наврати во ист ден.

 Џонс два пати е тестиран на 4 декември, бидејќи првиот примерок од урината бил „воден“. На крајот, двата наоди откриле траги од бензоилекгонин, кој е главен метаболит на кокаин.

 Но, извршниот директор Комисијата, Боб Бенет, изјави дека Џонс не требало да се тестира за рекреативни дроги, бидејќи тие не се забранети надвор од конкуренција, поточно, до 12 часа пред почетокот на борбата.

 Потоа Џонс е тестиран на 18 декември, но овој пат не на рекреативни дроги, а на тој тест поминал.

 „За тоа ќе расправаме на следниот состанок. Тестот не беше по барање на Спортската комисија на Невада. Се чини дека дојде до административна грешка“, изјави Бенет.

 Меѓутоа, наодот на Џонс на допинг тестот покажа многу ниска Т/Е сооднос (тестостерон /епитестстерон), кои би можеле да укажуват на тоа дека тој се обидел да сокрие користење на нелегални средства. Тоа, пак, би можело да го вовлече во нови проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО