Погледнете ги огнените акции од УФЦ 266 (ВИДЕО)

Љубителите на слободните борби беа задоволни од настаните на УФЦ 266 што се одржа минатиот викенд во Лас Вегас.

Особено воодушевени беа од главната борба во која Александар Волкановски го победи првиот предизвикувач Брајан Ортега со едногласна одлука на судиите и по втор пат го одбрани шампионскиот појас во перо категорија.

Но и другите борби изобилуваа со огнени акции и возбуда.

Најсилната светска ММА организација објави видео компилација од УФЦ 266: Фајт моушн која го прикажува потегот на Јалин Тарнер со кој го победи Урош Медиќ и страшните удари на Крис Даукаус што го запреа Шамил Абдурахимов.

Прикажан е дел од акцијата на мечот помеѓу Роби Лоулер и Ник Дијаз, како и одличната Валентина Шевченко, која ја совлада Лорен Марфи и по шести пат по ред го одбрани појасот во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО